Цитатите за подигање на самодовербата се доста застапени помеѓу објавите на Катица Јанева уште во времето пред да биде избрана за специјален обвинител.
„Никој не може да ги осудува моите избори, ниту моето мислење, бидејќи никој не ги пробал моите чувства и моите болки . Ти не си изгубена. Само така се чувствуваш понекогаш. Ти се движиш низ промените, имај храброст и знај дека твојата душа те води по патот. Подобро помеѓу празни ѕидови, отколку помеѓу празни луѓе. Ако ја бараш личноста која ќе ти го промени животот, погледни во огледалото“ се само дел од мудростите кои гевгеличанката ги објавувала во времето додека се уште работеше како обвинител во ОЈО Гевгелија.
Обвинителката која мистериозно ,,изчезна” од јавноста и веќе една недела успешно се крие, додека јавноста со право ги чека нејзините одговори во врска со случајот ,,Рекет,,, се приклучила кон социјалната мрежа Фејсбук во септември 2014 година.
Прочитајте ја анализата на Фокус.мк