Околу 1800 пожарникари веќе трет ден се обидуваат да го изгаснат големиот пожар во Португалија, во кој до сега се повредени 31 човек. Во гаснењето учествуваат и 13 авиони, 243 противпожарни возила и војската.
Полицијата во Португалија уапси 50 годишен маж под сомнение дека во областа Кастело Бранко го предизвикал пожарот што потоа се прошири на соседната област Сантарем.
Според полицијата, постапките на осомничениот довеле во опасност човечки животи, домови и шуми.
“Пожарот избувна на три фрона во областа Кастело Бранкос, 125 милји североисточно од Лисабон“ – соопшти Агенцијата за цивилна одбрана на Португалија.
Пожарникарите се поддржани од 19 противпожарни авиони и стотици возила.