Свет

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот Парламент.

Расправата траеше три денa, почнувајќи во саботата попладне, а завршувајќи синоќа.

Владата ја доби поддршката само од пратениците од Нова демократија.

Од собраниската говорница се обратија  155 пратеници од кои 33 министри, 108 пратеници, лидерите на политичките партии и Мицотакис.

Тој претходно пред пратениците ја претстави владината програма.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток