Свет

Косовскиот премиер во оставка заминува на суд во Хаг

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, денеска ќе замине за Хаг. Харадинај таму ќе биде интервјуиран од страна на Специјалниот суд. Ова го потврди самиот Харадинај синоќа во емисијата “Pressing ” во Т7.

– Да, утре патувам во Хаг – рече Харадинај.

Харадинај минатиот петокот доби покана од Специјалениот суд во Хаг да биде интервјуиран. Ова беше, исто така, и причината поради која тој поднесе оставка од функцијата премиер, бидејќи изјави дека не сака да оди во својство на шеф на Владата на Косово, пренесува Газета Експрес.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток