Македонија

Која е улогата на Јанева во рекетот на Боки 13 и Кичеец?, прашува Калајџиев

Универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев бара одговори од Обвинителството за случајот „Рекет“. Според него досега познатите податоци доволно упатуваат на тоа дека Јанева е вмешана во случајот, а колку и како треба да покаже истрагата.

“ Очигледно е тоа дека таа на некој начин е инволвирана во случајот да речам првообвинета, бидејќи уште немаме формална постапка, ама немаме ни демант од СЈО. Имавме една несреќна прес-конференција каде што нејзиниот тим се огради од нејзе, тоа е еден сериозен проблем сам по себе. Во крајна линија тимот е нејзин и тимот не би можел ниту правно, ниту политички да се претопи во некој друг  тим без неа. Тимот е нејзин и таа стои позади тимот и тие ја делат нејзината судбина“, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

По оставката на Јанева, беше објавен и нов предлог закон за Јавното обвинителство, кој повторно ги отвори дилемите што ќе се случува со веќе отворените предмети и истраги на СЈО.

На почеток