Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше на одмор кога шефицата на СЈО, Катица Јанева даде оставка, предвреме се вратила во земјава, дознава „Скопје1.мк“.
Според нашите извори во СЈО, Фетаи била затекната од ситуацијата и информациите за случајот рекет, по што го прекинала одморот и се вратила во земјава.
За оставката и вмешаноста на Јанева во ректетот кој го изнудувале Боки 13 и Зоки Кичеец, дознала од медиумите.
Минатата недела, тимот на Катица Јанева се огради од неа. Обвинителката Ристовска рече дека тој став делат и обвинителите кои не се присутни во СЈО, меѓу кои и Фетаи.
