Македонија

Затворениците се сместени во руини и во нечовечки услови, а во затворите избилува корупција и насилство

Трошни, влажни, небојадисани, руинирани. Такви се ќелиите во блоковите Б и Ц во истражниот затвор Скопје во Шутка. Исто онака како пред скоро триесет години. Ова го призна директорот на затворот Есад Рахиќ на денешната јавна дебата во Собранието за состојбата во затворите во Македонија.

Култниот „Тетовирање“ и денес совршено ја отсликува состојбата во казнено поправните домови низ земјава. А, ако се продолжи со ова темпо, токму тоа ќе ни биде пречка и за преговори со Европската Унија, алармираше денеска на собраниска дебата, новиот директор на затворот Шутка.

Нечовечки услови, дефицит на финансии и кадар, отсуство на здравствена заштита и мерки за ресоцијализација. Ова се дел од болните точки што ги нотирале и пратениците, кои биле во посета на затворите. Дел од надлежните пак, велат наследиле систем од долгови, па побараа повеќе пари за инвестиции.

„По посетите во затворите, верувајте ми, четири-пет дена не можев да дојдам при себе, не се чувствував добро.“ – изјави Мирсада Емини Асани – пратеничка од ДУИ.

„Потребен е ребаланс на буџетот и за 2019-та година и зголемување на буџетот за 2020 година.“ – потенцираше Билјана Зефиќ – заменик директор на Управата за извршување на санкции.

Сепак, освен инфраструктурата, аномалиите на казнено-поправниот систем се подлабоки – корупција, дискриминација, насилство.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток