Скандалозната изјава на премиерот Зоран Заев дека Македонија ја присвојувала туѓата историја, дочекана со радост во Бугарија. Бугарските медиуми со задоволство пишуваат дека македонската страна конечно признала дека им се краде историјата.
На ова реагираше и новинарот Ивор Мицковски.
„Заев гледам разбрал и се соочил, не Македонија, туку Груевски крадел историја.
Одлично, упростено, есенцијално, тоа и баравме да го конкретизираш.
Не разбирам зошто само требаше да го потикнеме на оваа нужна прецизација, ама сум презадоволен како ја имаат срочено“, напиша Мицковски.