Македонија

Јоци за телефонот на Јанева: Јавноста ќе дознае само колку сметки скенирала Ката, оти треба НАСА да даде листа од повици и смс пораки

Заврши вештачењето на телефонот на Катица Јанева. Како што информираат од обвинителството за Сител, извештајот веќе е во рацете на обвинителката Вилма Рускоска но што има во него, како во интерес на истрагата нема да соопштат во овој момент.

На ова реагираше новинарката Јорданка Ивановска-Јоци. Таа иронично вели дека треба да почекаме за да видиме до кое ниво е стигната Јанева на играта „Кенди краш“.

„Го вештачевме мобилниот. Да. Јавноста треба да почека да видиме шо игрици играла Ката, кое ниво е на ,,Кенди краш”, колку руски вируси закачила од ФејсАпп т.е. да добиеме сознанија дали соработува со Путин, потоа колку сметки искенирала за ,,Мој ДДВ”…

Знаете, не е нималку лесно да вештачите мобилен. Еве, виберот и месинџерот се избришани на пример. Тоа е нешто ко операција на мозок. Не сте свесни. Од др.страна, моравме и до НАСА да се обратиме, да ни кажат дали е подобро да гледаме у телефонот или сепак е полесно да побараме листа на повици и смс пораки од мобилен оператор за двата телефона и да откриеме комуникација меѓу обвинителката со осомничените. Да. Многу е тешко.  Сега сме до петто ниво на ,,Кенди краш”“, пишува Јоци.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток