Македонија

Јоци: Мобилниот на девојката на Лазе паднал во шолја, и се уништил

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци преку свој Фејсбук статус го кажа својот коментар по пресс конференцијата на Катица Јанева.

„Вака било.
Док готвела специјалитет викан ,,Рекетлари со шампињони во сос од Орце” чула вресок од ве-це. Мобилниот на девојката на Лазе паднал во шолја. И се уништил.
Како добра домаќинка и шефица, ‘ваа, разбираш Блажо, и` го подарила широкоградо својот втор мобилен сосе стасано 8 ниво од ,,Кенди краш”. Без да и` го врне некогаш.
Срцка е она.

Што се тиче до третиот мобилен, кој до вчера се водеше ко втор, Лазе коа бил у Београд на сплав, док кршел чаши на ,,Зашто су ти косе побелеле друже” и држел за гз некоја старлета, оваа успеала да му го земе, без овој да осети.
Така некако вториот мобилен кој денеска доби име трет, уште е некаде у Београд и плови немирно на некоја лаѓа.

ПОРКА МИЗЕРИЈА “, напиша новинарката Ивановска – Јоци.

 

На почеток