Македонија

Нови правила при издавање на извод – Јас сум роден во коса црта!

Управата за водење на матични книги до сите подрачни одделенија испратила известување каде детално се објаснува како треба да се внесуваат новороденчињата. Имено:

„Согласно потпишаната спогодба помеѓу Република Македнија и Република Грција при издавање на извод од МКР, во полето на државјанство кое е задолжително, ве известуваме дека треба да се пишуваат коси црти за лицата родени пред усвојување на конечната спогодба и уставните амандмани и уставниот закон, односно за лицата родени до февруари месец 2019 год, додека за децата родени по февруари месец 2019 год во графата „државјанство“ треба да пишува „Република Северна Македнија“, стои во дел од известувањето.

Ова известување наиде на негативни коментари на социјлните мрежи. Бизнисменот Роберт Милески на социјалната мрежа Фејсбук напиша:

„Јас сум роден во коса црта! Абе племето ваше предавничко! Сите ќе одговарате за ова! Сите! До еден! Многу од вас, како оваа Јасна Пецевска, ќе се вадат тогаш како што се оправдувале германските војници кои што вршеле злосторства – дека едноставно прателе наредби. Ама наредбите можат да се одбијат“, напиша Милески на ФБ.

Јас сум роден во коса црта! Абе племето ваше предавничко! Сите ќе одговарате за ова! Сите! До еден! Многу од вас, како…

Posted by Robert Mileski on Tuesday, July 23, 2019

На почеток