Свет

Харадинај поради воените злосторства не може да биде премиер, ниту да носи одлуки

Рамуш Харадинај, кој во петокот поднесе неотповиклива оставка на премиерската функција заради појавување на сослушување во Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг, повеќе не може да се смета за премиер, изјави синоќа поранешниот претседател на косовскиот Уставен суд, Енвер Хасани.

Поранешниот претседател на Уставниот суд е дециден дека Харадинај веќе не може да донесува било какви одлуки, па ни, како што кажа, да доаѓа во премиерскиот кабинет.

-Може да влезе во зградата на Владата, да биде во некоја од канцелариите, бидејќи тој само што поднесе оставка, но не е премиер на власт, рече Хасани.

Зборувајќи за можноста Кадри Вејсели, како носител на листата на коалицијата ПАН, предложи уште еден мандат за Харадинај, Хасани вели дека косовскиот Устав не му дозволува таква можност за лидерот на Демократската партија на Косово.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток