Свет

Девојка загина додека се капела во Хрватска, откако глисер налетал на неа

Дваесет и осумгодишна девојка од Австрија загинала откако вчера околу 16 часот на неа налетал глисер. Како што пренесува „24сата.хр“, таа им подлегнала на повредите во болница.

Жртвата се капела во морето близу хотел на Крк. Тешко повредена била однесена во болница во Ријека, но не можела да биде спасена.

Било утврдено дека водичот на глисерот не бил пијан.

Како што пренесува медиумот, истрагата продолжува бидејќи човекот бил во шок и не можел да разговара, исто како и членовите на семејството на жртвата.
Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток