Коментари

Мицковски до Заев: Премногу пати сте фатени во лага, па сега критиките ви се лажни вести

Владата отвори фронт за борба  против лажните вести и дезинформации. Акциска група составена од сите релевантни институции меѓу кои се и безбедносните, ќе ги анализира и следи нападите од  лажни вести. Ова е дел од предлог план на владата со 14 точки со безбедносни и проактивни мерки. Традиционалните медиуми, порталите и сите информации на интернет ќе бидат проверувани за да не се дозволи манипулација на граѓаните. Согласно препораките на ЕК, и по низата лажни вести по кои државата се прослави во светот, Владата со легислатива ќе ја зајакнува националната безбедност и сигурност.

На ова реагираше новинарот Ивор Мицковски:

„Акциониот план освен што кажува дека имате намера да ловите вештерки, нема никакви детали или прецизности, барем обид да се биде внимателен кога се зборува за регулирање или контролирање на вести или информации.  Лажни вести имало и ќе има, тие подобро се победуваат на ниво на свест, со добро работење, отколку со некакви владини тела кои ќе следат и ќе одлучуваат што е вистина, а што не.  Премногу пати сте фатени во лага, па стратегијата денес ви е и мислењата и критиките да ги сместувате во фејк њуз, па потоа да водите ботовски хајки.  Понатаму, најголемите дезинформации излегуваат од влада која лошо комуницира, или која ги изневерила ветувањата за правда и праведност.
Така да, вие не средивте многу поважни работи, правите самите утки во информирање, имате огромни скандали на глава, се покажавте колку сте објективни и транспарентни со еден рекетарски медиум, и на се тоа, гледате решение во лов на вештерки.   Се ова личи на еден голем дефокус, средете се вие ако можете, па ќе регулирате и ќе кажувате што е реално, а што не“, напиша новинарот Ивор Мицковски на „Фејсбук“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток