Фејсбук објава на Божидар Божиновски по снимката која ги вознемири сите, а на која се гледа како маж брутално тепа жена сред Скопје.
Настрана коментарите кои не се вредни да им се дава внимание на такви идиоти ова е многу поголем проблем од само еден напад. Не е еден, не е само тука. На илјадници жени тоа физичко и психички злоставување им е секојдневие. Со враќање на традиции успеавме од рамноправни членки на општеството жените пак да ги вратиме на граѓани од втор ред, робови на робот, машини за расплод и домашни слугинки. Затоа треба феминизмот, затоа треба од мали децата да се учат да ги почитуваат жените, а не да се растат со некои глупави мачо стереотипи па еден ден да земат некоја на душа, напиша на социјлната мрежа фејсбук Божидар Божиновски.
“Девојка нападната од таксист”Настрана коментарите кои не се вредни да им се дава внимание на такви идиоти ова е многу…
Posted by Божидар Божиновски on Thursday, July 25, 2019
