Сообраќајна несреќа се случила околу 12 часот на автопатот Велес – Скопје по тунелот кај Катланово, потврдија од МВР за „А1 он“. Од полицијата велат дека случаен минувач ја пријавил сообраќајната несреќа помеѓу две возила, но дека увидот сè уште трае. Очевидци за „А1 он“ велат дека видел повредени лица на самото место. Брзо пристигнале две возила на брза помош и противпожарни возила кои се обиделе да ги извлечат патниците од возилата.
Текстот е превземен од „А1 он“