Македонија

Заев по пресот со Хан добил закана „куршум во глава“, случајот го пријавил во МВР

Премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница ги информира пратениците дека ја пријавил заканата, која во порака на социјалните мрежи била напишана во коментар по пресот со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

-Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне, гласела пораката која ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието, појаснувајќи дека коментарот во порака му го испратила неговата ќерка.

Тој ова го кажа одговарајќи на пратенички прашања поставени од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласковска, кои меѓу другото се однесуваа на четири случаи на мобинг.

На почеток