Македонија

(ФОТО) Димитров и Рикер слават со вино: Наздравје за идното сојузништво со САД

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Филип Рикер е во дводневна посета на земјава. По посетата на Грција која траеше од понеделникот, тој денеска беше во Битола, каде што имаше средба со градоначалничката, Наташа Петровска. По средбата немаше изјави, туку само соопштение.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи, Никола Димитров објави фотографија каде тој заедно со Рикер наздравува со чаша вино за ратификацијата за нашето членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД.

„Помина ратификацијата за нашето членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД. Наздравје со Филип Рикер за идното сојузништво!“, напиша Димитров

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток