Откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таксист претепа жена, бурни реакции пристигнаа од јавноста. Меѓу нив и од новинарката Јорданка Ивановска-Јоци.
„Да им појаснам на македонскиве мажи и жени кои не разбираат што е насилство, па за денешниов настан со таксист и бутната жена на тротоар велат ,,ако, така и’ треба, му ја кршеше колата, од која заработува”.
1. Правниот систем под кршење на бришач, подразбира прекршочно дело, а буткање на земја, ваков физички контакт со друго лице каков што видовме, кое паѓа на земја и може да има здобиени повреди е насилство ,,бај д бук” и е кривично дело.
2. Самоодбрана е дозволена.
Денеска немаше самоодбрана.
Пад на земја, доведува и до повреди на тело, скршеници, повреди на глава, и можен излив во мозок, хематом, смрт.
3. Ви советувам да не влегувате во физички контакт со било кого во живот, бидејќи потоа животот може да ви стане пекол. Доколку влезете, пошто не читате книги и немате појма од животов, а притоа жртвата е пописмена од вас и помоќна на општествено ниво, реши да ве влечка до пеколот и назад, нека ви е со среќа. Пошто нема да се извлечете.
Ова денеска што го видовме е класично насилство, прекумерна сила и агресија. Без разлика како почнала причата. Се вади клуч од кола и се ѕвони на 192.
4. Тука дијазепами не помагаат.
И веќе кога сме на темата, во Македонија секоја трета жена е жртва на семејно насилство, физичко и психичко. Ова се официјални податоци“, пишува Јоци.