Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски учествува на 30тиот Балвањос летен камп во Тушнад Романија. Тоа е најголем летен младински камп во Европа на кој учествуваат околу 80 илјади учесници. Кампот е меѓународен настан кој се смета за форум на прекуграничната соработка и политички дијалог, спротивставени аспекти и размислувања во јавните и политички прашања. Поканетите говорници дебатираат за актуелните политички теми и прашања.
На настанот ќе земат учество голем број политичари, претседатели на невладини организации, тинк тенкови и фондации, професори од повеќе светски универзитети. Дел од учесниците кои ќе се обратат се Кларк Џудџ од Америка, унгарскиот министер за земјоделие Иван Наѓ, унгарскиот министер за финансии Михали Варга, Јудит Варга министерот за финансии, европратениците Лорент Винсе и Андреа Босцкор како и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Потпретседателот Александар Николоски има обраќање на тема „Застапување на државите во меѓународни организации“ каде што со млaдите од цела Европа ќе го сподели своето долгогодишно искуство на оваа тема, особено од неговата долгогодишна активност во Совет на Европа.
Покрај своето обраќање потпретседателот ќе има и бројни билатерални средби со министри на европски држави, претседатели на тинк-тенкови и фондации и европратеници. На средбите ќе информира за актуелната политичка состојба во Македонија, економскиот неуспех на Владата, огромната корупција во државава како и за националното обезличување на македонскиот народ.