Македонија

(ФОТО) Стој на рака во кабинетот на Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Државата Израел, Дан Орјан.

Покрај официјалниот дел од средбата, Орјан имаше можност на претседателот да му покаже и дел од своите способности. Тој во кабинетот на Пендаровски направи стој на една рака.

„Оваа фотографија, “стој на раце” со израелскиот амбасадор Дан Орјан, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно“, напиша Претседателот на социјалната мрежа фејсбук по средбата со Орјан. 🙂

За потсетување  Амабасадорот Ориан е познат по вакви “акробации” кои често ги правеше во Скопје, Охрид и Битола.

Инаку на средбата во официјалниот дел беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Северна Македонија и Израел и беше констатирано дека двете држави во континуитет негуваат блиски пријателски односи, засновани на меѓусебна доверба и почит.

Двајцата соговорници се согласија дека Северна Македонија и Израел градат плодни економски релации, притоа изразувајќи подготвеност за интензивирање на соработката во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во областа на културата и туризмот.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од цврстата поддршка и помош што Државата Израел во континуитет и ја дава на Република Северна Македонија, порачувајќи дека Израел во нашата држава секогаш ќе има искрен пријател и партнер.

Амбасадорот Орјан упати честитки до претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста, притоа реафирмирајќи ја неговата лична заложба за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете држави.

 

 

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток