Македонија

(ФОТО) Во излетничкото место во село Скребатно, денеска се одржа манифестацијата „Охридска софра“

Во излетничкото место  во село Скребатно, денеска се одржа традиционалната манифестација „Охридска софра“ што ја организира општина Охрид. Целта  на настанот е  збогатување на туристичката понуда преку промција на специјалитети од традиционалната македонска кујна со акцент на ѓомлезето.

Од раните утрински часови 10-те  домаќинки кои учествуваа во натпреварувачкиот дел  ја започнаа подготовката на ѓомлезето.   Тричлената комисија за најдобро го прогласи ѓомлезето на Кристина Богданоска, втората награда ја понесе Лиле Кароска, а трето наградена беше Добринка Џуклеска.

Пред бројните посетители на манифестацијата се обрати градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.

  •  Во ова  место  со божји  спокој  каде природата може да се доживее со сета своја раскош,идеален декор се содржините на  манифестацијата  „Охридска софра “. Седма година по ред преку ова туристичко – промотивно случување   ја презентираме  нашата традиционална кујна со   вкусните  специјалитети приготвени од вредните раце на нашите домаќинки. Убавините на природата на умешен начин поврзани со вкусот на  традиционалните рецепти се  уникатен туристички производ кој  од година во година станува се  попривлечен  како за домашните така и за странските посетители и гости. Креирајќи ја туристичката  стратегија  со вакви случувања битно допринесуваме во развојот на руралниот како битен дел  од алтернативниот туризам. Денеска посебна благодарност упатувам до домаќинките и останатите учесници во натпреварувачкиот дел кои од рано утрово   го приготвуваат еден од највкусните  специјалитети на македонската кујна – ѓомлезето. Приготвени со   труд и  многу љубов  сите ѓомлезиња –  се  подеднакво вкусни на свој начин, затоа нека победи најсреќниот. Убавата  разгледница од Скребатно денеска е пошарена благодарение и на останатите чинители, екипата на телевизиската емисија „Вкусот на традицијата“, врвни готвачи од “Гастромак“,  производители на здрава храна и многу други  драги луѓе.На сите вас ви посакувам да уживате во остатокот од денот, да понесете  со себе дел од овдешната чудесна енергија и   да  „украдете“ дел од   природните убавини кои секогаш ќе ве враќаат во Скребатно.  Ние како одговорна локална  власт  во иднина ќе  ги надградуваме  постоечките и ќе креираме нови  попримамливи туристички понуди за “колекционерите на земји“ кои секогаш сакаат    да имаат печат плус во нивниот пасош –рече градоначалникот Георгиевски.

Во текот на неколкучасовната програма,  готвачите од Гастромак  имаа специјално “Cooking Show”, а беше снимена и телевизиската емисија „Вкусот на традицијата“ со Адријана Алачки. Пријатната  атмосфера беше надополнета со настапот на   дуетот Селимова – Желчески и Ансамбл „Билјана“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток