Актуелно

ГДУ: Како ги вадат од ракав имињата за шеф на новото обвинителство, ова е циркус

Како ги вадат од ракав имињата за шеф на новото обвинителство, човек да не може да поверува. Едните ја предлагаат Рускоска, другите Панчевски, третите Фетаи, четвртите странец  да дојде да ни го оправи обвинителството, а премиерот згора на се, уште се шегува ако и се оставело можност на опозицијата да избере обвинител можела да го избере и Никола Груевски. Каков циркус. А сите забораваат или пак свесно игнорираат дека ниту еден политичар нема право да назначува и да предлага обвинители, туку дека тоа е работа на Советот на обвинителите, се вели во соопштението од ГДУ..

ГДУ предупредува да се престане со ваквиот однос, со предлозите и изјавите кои не го решаваат проблемот, туку само доплнително го продлабочуваат. Ова што го гледаме и слушаме е класичен пазар. Сите партии имаат свои барања, а никој не ја слуша правната фела и јавноста. Новиот закон за обвинителство не може да го донесат само политичарите, без за тоа да бидат консултирани експертите, невладините. Притоа ваков закон не може да се донесе по скратена постапка. Ова е премногу сериозна работа.

Интерграцијата на земјата зависи од тоа дали политичарите ќе успеат да ги тргнат рацете од обвинителството и наместо да го штитат криминалот, да ги остават обвинителите да си ја вршат својата работа.

Бараме за законското решение да се слушне и мислењето на експертите и граѓанскиот сектор, во спротивно само ќе се докаже уште еднаш дека не постои вистинска волја за справување со криминалот и корупцијата, се вели во соопштението од ГДУ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток