Македонија

Единствена Македонија: Заев и преку споменици на туѓи војсководци ја брише Македонија, донесен споменикот на бугарски полковник

Ја информираме јавноста дека синоќа во доцните вечерни часови со знаење на Зоран Заев од Бугарија преку граничниот премин „Ново Село„ во Македонија е донесен споменик на бугарскиот полковник Константин Каварналиев кој треба да се постави во Дојран каде загинува Каварналиев во 1913 година во борбите против грчката војска.

За Единствена Македонија е неприфатливо и недозволиво да се подигне споменик на Карневалиев кој бил претставник на политиката што имала за цел да ја подели Македонија. Не може да се подигаат споменици на идивидуални личности кои биле воени претставници на политиката за распарчување и уништување на Македонија.

Никој не спори обновување на воени гробишта на загинати војници кои заедно биле во колективните единции, но, сосема друго е  да се градат споменици на индивидуи кои ја претставувале големобугарската политика. Споменикот на Карневалиев ќе покрене лавина барања од Србија и Грција кои би сакале да подигнат споменици и на нивните команданти што војувале во Македонија.

Во составот на бугарската војска во Балканските и првата светска војна имало околу 30.000 Македонци, голем број имало и во српската и грчката војска поради тогашните историски околности а за сите тие војници нема ниту еден споменик, а се согласуваме да се гради споменик на офицер кој ја претставувал големобугарската политика.

За Единствена Македонија нема дилема. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги отстрани сите споменици на антимакедонска основа, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток