Македонија

Нови огласи за вработувања во државни институции

Нови вработувања во државните институции. Преку агенцијата за администарција ги објавија огласите .  Во моментов, Агенцијата за администрација има распишано огласи за вработување на 40-тина луѓе во разни дирекции, центри, државни агенции, национални културни установи. Сето ова се случува во момент додека Владата тврди дека сака дел од службениците да ги префрли во приватниот сектор нудејќи им поволни пакети, за да го намали преобемниот државен апарат, секојдневно се објавуваат  огласи за вработување во администрацијата.

Најголем број вработувања – 13 ќе има во новоформираната Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните. Македонци, Албанци, 1 Турчин и 1 Ром, за примања што варираат од 20 до 38 илјади денари ќе работат како државни советници за преведување и лекторирање, раководители на сектори и одделенија, помлади соработници.

8 нови вработувања ќе има и во Дирекцијата за заштита и спасување, платите таму почнуваат од 21 до над 28 илјади денари. Во Центарот за управување со кризи предвидени се 7 вработувања за кои следуваат плати од 15.500 до 37 илјади денари.
Агенцијата за вработување распиша оглас за 5 работни места, од кои 4 за раководители на центрите за вработување во Охрид, Струга, Ресен и Валандово за плати од 28.300 денари месечно. Агенцијата за супервизија на осигурувањето распиша оглас за двајца советници, Турчин и Албанец, за плата од скоро 42 илјади денари и помлад соработник Албанец за плата од 29.500 денари. И Агенцијата за енергетика бара да вработи еден Албанец како помлад соработник в оодделението за енергетска ефикасност за плата од 19.750 денари и еден Турчин како советник со примања од 25 илјади денари.

Највисоки убедливо се платите во Агенцијата за цивилно воздухопловство, но и квалификациите што се бараат од вработените што се бараат се најголеми. Платите на тројцата ново вработени ќе се движат од 45.600 до дури 117.600 денари месечно.
Огласи за вработувања има и во националните културни установи во градовите во внатрешноста.

Јавниот сектор брои 130 илјади лица.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток