Актуелно

Судот денес одлучува за пасошот на Мијалков, неговата здравства состојба е животнозагрозувачка

Основниот суд Скопје 1 денес ќе одлучува за барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да му биде вратена патната исправа, за да може да замине во странство, со цел да му биде укажана лекарска интервенција која не се изведува во Македонија.

Евентуалното неизвршување на интервенцијата може да предизвика животнозагрозувачка состојба на пациентот, категорична е одбраната. Барањето се базира на веќе воспоставената пракса и на конвенциите за човекови права, кои се почитуваат од страна на судовите. Разликата во однос на барањето од крајот на минатата година е тоа што после девет месеци здравствениот проблем прогресирал и сега е многу посериозен, а судот има пракса според која во неколку случаи веќе даде залено светло за лекување во странство, при што лицата не го злоупотребија тоа.

Почитај повеќе на Плусинфо.мк

На почеток