Нема промена на цените на горивата во Македонија. Ова е одлуката која Регулаторната Комисија за енергетика ја донесе денеска, една недела по последната промена на цените на горивата.
Ценовниците остануваат исти, па така Бензин супер 98 се продава и понатаму за 71,50 денари литар, додека Бензин супер 95 – 69,50 денари литар.