Сирија, Авганистан, Ирак, се само дел од воените жаришта на Блискиот Исток. Милиони луѓе останаа без домови, но и стравуваат за своите животи и за животите на своите деца, па затоа ги напуштаат своите земји и решаваат животот да го побараат во некои од развиените европски земји. Преку Турција и Грција па се до Македонија која е земја транзит за мигрантите. Се повеќе мигранти се осмелуваат границата да ја поминат преку нелегалните канали, а ова е како идеја за нов бизнис во нашето подземје, па се фатија за работа, објави курир.мк.
Според некои меѓународни извештаи нелегалните шверцери на мигранти земаат минимум 500 евра по човек, а за малолетно дете сумата стига и до 1000 евра. Па така доколу во едне автомобил има 15 мигранти и истите платиле по 30.000 денари тоа ќе бидат 450.000 денари или околу 7.500 евра тура.
Цената на чист кокаин како најскапа дрога во Македоја се движи до 18.000 денари за грам (ретко кој може да плати за оваа услуга) најчесто се плаќа од 50 до 70 евра за грам, а цената по мигрант е повеќе од 30.000 денари, речиси дупло од онаа за најскапиот грам кокаин. Па оттука бизнисот со мигранти станува лидер во нелегалните бизниси во Македонија.
Текстот во целост на: Курир.мк