Синоќа околу 23 часот, автобус на превозникот „Глушиќ превоз“ излетал од патот и се превртел кај местото Плевља, северна Црна Гора. Како што јавува црногорската информативна агенција МИНА, во несреќата повредени биле 37 патиници. Неофицијално, никој од повредените не е во животна опасност, но во болница биле примени лица со тешки телесни повреди и скршеници.
Во незгодата учествувало и помало патничко возило, со кое најверојатно автобусот дошол во контакт пред да излета од патот.
Во автобусот се возеле околу 40 патници.
