„Прелетачи“, бизнисмени, функционери, бивши функционери, бараат прием кај Христијан Мицкоски.
Се повеќе лица од земјава бараат прием кај Христијан Мицкоски, а во напливот на заинтересирани за средби со лидерот на опозицијата се појавуваат најразлични категории на граѓани од обични луѓе, до бизнисмени, поранешни функционери па се до лица со сомнителен бекграунд кои официјално во моментов се доближани до СДСМ.
Средби со Мицкоски барале одредени бизнисмени чии имиња се актуелизираа во јавноста во последните седмици, а прием барале и познати новинарски имиња, но и сопственици на медиуми. Некои од нив барале средбите да се незабележителни, да се во четири очи и да не допрат до јавноста.
Од ВМРО ДПМНЕ за „Скопје1.мк“ потврдуваат дека секојдневно имаат барања за средби со првиот човек Христијан Мицкоски.
„Интерес за средби секогаш има, тоа можеби е поинтензивно деновиве, но интересот е присутен цело време. Претседателот излегува во пресрет колку што е можно временски да се сретне со лица кои барале прием, а најгмногу сепак се среќава со народот, насекаде низ Македонија на неговите секојдневни активности низ градовите и селата, кои се приоритет и имаат предност пред средбите во кабинетот“ – велат од партијата.