Објавените слики од страна на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски во врска со боледувањето на Катица Јанева, отвораат низа дилеми, за тоа како специјалната обвинителка добила 30 дена можност да отсуствува од работа поради спреченост, по препорака на избран матичен лекар, објави макрес.мк.
После ова, се отвараат и низа на прашања за отвореното боледување, од причина што матичен лекар може да издаде боледување до седум дена (за одредени дијагнози со документација од дополнителни испитувања може да даде и 15 календарски денови), лекар – специјалист може да издаде боледување за две календарски недели а потоа пациентот треба да биде прегледан од лекарска комисија која треба да одлучи дали согласно дијагнозата боледувањето треба да се продолжи до и над 30 дена.
Текстот во целост на: макпрес.мк