Македонија

ВЕЧЕР: Во ташната во која Боки примил милион евра рекет ИМАЛО ВГРАДЕН ЏИПИЕС!

Vecer.mk веќе објави свои сознанија од свои извори за снимката која е правена при примопредавање на еден милион евра во кеш од страна на рекетираниот бизнисмен во рацете на Бојан Јовановски (Боки 13) при што на телефонска врска, преку спикерфон, на овој настан присустувала и тонски учествуивала и шефицата на СЈО Катица Јанева.

Во еден момент бизнименот му зборува на Боки и обвинителката која учествува преку спикерфон дека парите не ги дава “сељачки“ во кеса туку во торба од убавите… Вечер дознава дека таа торба “од убавите“ била специјално спремена и опремена од разузнавачка служба на пријателска држава така што во торбата бил вграден ЏиПиЕс уред преку кој лесно, потоа, е следен патот на торбата со пари каде таа завршува.

 

Текстот во целот на: Вечер.мк

На почеток