Актуелно

Одложена расправата за пописот

Расправата за пописот кој е планиран да се спроведе наредната година беше одложена на денешната комисијата за европски прашања поради, како што било наведено, потребата од дополнителни преговори помеѓу пратениците за почеток на дебатата.

Пратеникот Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието им упати порака на пратениците од владејачкото мнозинство да не ги прифаќа политичките договори на Зоран Заев.

Тој побара Предлог-законот за попис да се повлече, а предлогот го оцени како како штетен и неевропски, кој не ги исполнува критериумите на ОН за спроведување попис на население.

Како што е познато, Законот за попис на населението е владин предлог со кој во посебна графа се дозволува и евидентирање на иселниците и тоа преку матични броеви. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е против ваквото решение поради што пред две недели се формирани и меѓупартиски работни групи меѓу власта и опозицијата. Засега нема исход од преговорите.

На почеток