Од граѓанските иницијативи „Го сакам Водно“ и „Во одбрана на Дебар Маало“ и натаму реагираат на сечата која му се случува на Водно поради изградба на гасоводот. Градежните работи и натаму течат, а активистите велат дека Водно е претворено во индустриска зона.
„Од заштитена шума, Водно претворено во индустриска зона. Шумата која се садеше со работни акции на младинци и работници во едно похумано социјалистичко општество, не ја одбранивме. За бизнисмените-политичари се е на распродажба во име на профитот на малкумината“, велат од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“.
Од другата иницијатива велат дека не успеале во целост да ја спречат сечата на Водно.
„Не терен си тече се.. Нешто бај д бук, нешто не. Како и да е, ние сме тука. Пратиме и што се сече и колку се сече. И мериме колку се уништува (метрото е задолжително со нас). Со грутка во грло, бидејќи Водно изгледа многу тажно.. Спустот на Шишево е сеуште горечки проблем, како што многу пати беше нагласено и бевме игнорирани. Мина година дена. Што можевме спасивме од сечење, тоа што се исече боли, но заврши. И ќе престанат и овие бушења, минирања, копања, заварувања“, пишуваат од иницијативата „Го сакам Водно“.
