Видео и Фото

ВИДЕО: Експлодираше автобус со патници во Белград

Експлозија во градски автобус го потресе Белград. Нешто пред 11 часот, во Дедиње, Белград, експлодирал компресор за воздух.

Според првичните информации, внатре имало дваесетина патници, од кои, засега се знае дека тројца се повредени.

Од силната експлозија распукале стаклата, поради што, патничка се здобила со расекотина.

Автобусот бил на приватен превозник.

На местото каде се случила несреќата има полиција, а повредените итно се префрлени во болниците.

На почеток