Македонија

МВР за инцидентот со советникот Усеини: Поритв него и против вториот напаѓач ќе поднесеме пријава

Министерството за внатрешни работи се огласи по вчерашниот инцидент во кој учствуваше советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини. Тие велат дека е нарушен јавен редот и мирот, а Усеини и Илјаз Илјази биле повикани во станица.

„На 29.07.2019 околу 10 часот, на улицата „Сатеска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У.(44) и уште едно лице врз И.И.(60) од Охрид. Н.У. е повикан во полициска станица и извршен е службен разговор и против него и вториот напаѓач ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Советникот Нефи Усеини натепал професор од Универзитетот на Југоисточна европа, Илјаз Илјази. Нападнатиот 60-годишен професор случајот го пријавил во полиција.

Професорот Илјаз Илјази вели за „А1он“ дека советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, го удирал со тупаници, што резултирало со повреди. Илјази додава дека се чувствува загрозено бидејќи Усеини му се заканувал дека ќе го убие, влечејќи го пред неговата зграда.

 

На почеток