Боледувањето кое специјална јавна обвинителка Катица Јанева го отворила било од матичен лекар за 15 дена, а не за 30, велат од СЈО за Плусинфо.
Јанева отвори боледување на 16 јули, ден откако ја објави својата одложена оставка и откако беше отворена истрагата за случајот „Рекет“. Истото, сама го прекина на осмиот ден, на 23 јули, кога се врати на работа и првпат се појави во јавност по избивањето на аферата.
Освен краткиот одговор, од СЈО нема коментар за фотографијата која вчера ја објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Од неа се гледа, пак, дека боледувањето е во период од 30 дена, односно од 16 јули до 15 август, со што пратеникот го отвори и прашањето како може да се даде боледување од толкав период без пациентот да оди на комисија?
Текстот во целост на: Плусинфо
