Родители на 13-годишно девојче од Неготино пријавиле во СВР Велес дека нивната 13-годишна ќерка била сексуално вознемирувана од малолетници.
Имено инцидентот се случил на 05.07. На Градскиот базен во Неготино двајца малолетници на 15-годишна возраст нападнале 13-годишно девојче од Неготино и ја пипкале по телото. Целиот настан е снимен од малолетник со мобилен телефон, кој потоа снимката ја праќа на други лица.
Основното јавно обвинителство Велес работи на расчистување на случајот.
