Меѓународниот сојуз со кој раководи Бојан Јовановски алијас Боки 13 склучил договор, со струшката фирма „Дрим Билдинг“ за изградба на т.н. европски центри за возрасни лица и мобилни сервиси, открива новинарот Бранко Геровски.
По апсењето на Боки 13, копанијата „Дрим билдинг“ увоз-извоз Струга си ги бара парите назад. Според дописот до кој дошол новинарот, фирмата го потсетува Меѓународен сојуз на Јовановски на договорот, односно на делот во кој се вели дека „ако прводоговорната страна во предвидениот рок не ја обезбеди потребната документација, како и правосилно Решение за градба и Решение од ослободување на надоместок за уредување на градежно земјиште, должна е на втородговорната страна да ѝ ги врати уплатените средства во висина од 231.281 евра“.
Во дописот се додава: „Наведениот износ бил исплатен преку Македонската авторска агенција, по издадена фактура број 11/18 од 02.01.2018 година, во корист на Јасна Мандиќ – координатор на проектот Европски комплекс за возрасни лица и Мобилен сервис на територијата на општина Карпош“.
Целиот текст тука.
