На предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, а со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, информираме дека Општинскиот комитет на партијата е освежен со 11 нови искусни лица кои се дел од општествениот живот со нивната професионалност и препознатливи со своите досегашни активности.
На местото на досегашните членови, адвокатот Мишел Наумовски, доктор Хари Шокарески, проф доктор Цветко Андреески, Др. Кољчо Грозданов и други, доаѓаат?
Наум Јамандиев – Факултет за физичка кулура-Професор по физичка култура
Марија Смилески – Филозовски факултет – дефектологија
Климент Наумов – Докторант на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Туристички водич
Даниела Ристова – Дипломиран филолог, професор по руски
Грација Бакраческа – Доктор, стоматолог
Горан Стојаноски – Актер
Ана Димитрова – Дипломиран правник
Ристе Јанкоски – Факултет за физичка кулура, Професор по физичка култура
Горан Ѓоргиески – Економски факултет
Методија Анѓелкоски – Дипломиран информатичар
Антонио Раткушиноски – Економски факултет
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ велат дека целта е што повеќе членови да бидат дел од креирањето на политиките, да се запознаат со активностите и да се вклучат во работата на партиските структури давајќи дополнителна енергија на останатите членови на општинскиот изборен штаб целосно подготвени за претстојните избори.
Познатиот адвокат Мишел Наумоски кој беше досегашен член во Ок ВМРО ДПМНЕ за Скопје 1 вели:
„ВМРО ДПМНЕ е најсилната политичка партија. Моите ангажмани продолжуваат како застапник на таа идеја во контекс на имплементирање на идеите и програмата на ВМРО ДПМНЕ и победа на следните парламентарни избори. На новиот општински комитет му посакувам успех и да биде прагматичен репзент на идејата на ВМРО ДПМНЕ“, вели Наумоски.
