Македонија

Американец параглајдерист паднал на автомобил во с. Љубаништа – пренесен е во болница

На 30.07.2019 во 15,34 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Љубаништа, охридско паднал параглајдерист. Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15,20 часот при слетување на плажата со параглајдер Д.J.Р.(57) од САД, паднал на патничко моторно возило марка„Мицибуши“ со скопски регистарски ознаки. Д.Ј.Р. со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток