Пред две години Европа била озрачена од висока концентрација на радиоактивен материјал, кој за среќа не бил штетен по здравјето на луѓето ширум европскиот континент.
Изворот на таинственото радиоактивно зрачење од 2017-та година кое ја зафати цела Европа сепак доаѓа од Русија, а радиоактивните траги водат до нуклеарна постројка во јужните делови на Урал во Русија, потврдува најновата студија, објави вечер.мк.
Како што пренесува „Индепендент“, научниците анализирале повеќе од 1300 точки со податоци ширум светот за да го пронајдат изворот на огромното радијациско протекување кое што на територијата на Европа донело 100 пати поголемо зрачење од катастрофата во јапонската нуклеарна централа Фукушима во 2011-та година.
Текстот во целост на: vecer.mk
