Македонија

Борисов и Заев ќе отријат промовираат нов споменик

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов денеска ќе престојува во Македонија. Тој за време на посетата претпладнево ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски.

Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов по нивната средба на која ќе се одбележи двегодишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји ќе учествуваат на церемонијата на положување цвеќиња на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Точно пред една година, Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов го  потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка кој од страна на премиерите беше оценет како историски момент.

Во Дојран пак, тие ќе го откријат обновениот споменик на полковникот Константин Каварналиев кој е спорен лик за македонската историја бидејќи како бугарски полковник за време на Балканските војни се борел за окупација и распарчување на Македонија. Тоа било период кога илјадници Македонци биле насилно мобилизирани во бугарските, грчките и српските војски.

На почеток