Македонија

Хорор на Шар Планина: Мечка ги отвора гробовите и ги јаде останките од покојните

Вистински хорор на локалните гробишта на селото Шипковица, на падините на Шар Планина. Жителите изминативе денови  пронашле отворени гробови и човечки коски расфрлани низ гробиштата. Очевидец, тврди дека штетата ја предизвикува мечка, којашто ги крева надгробните плочи и ги јаде остатоците од покојниците.

Од СВР Тетово велат дека Случајот е потврден и документиран, но бидејќи Министерството за земјоделство е одговорно за овие работи, во понеделник се очекува одговор и потоа ќе бидат преземени неопходни мерки“.

Инаку жителите на Шипковица велат дека ова не е првпат мечките да се симнат во селото, предизвикувајќи разни штети.

 

На почеток