Македонија

Телма ја најде бабичката на чија сметка легнале преку 700 илјади евра, таа вели веднаш ми ги зедоа парите

Новинари на Телевизија Телма, ја лоцираа зградата каде живее Лилјана Тодоровска, на чија сметка легнале преку седумстотини илјади евра, како донација од Битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски, за проекти на Меѓународниот сојуз.

Живее на мансарда во центарот на Скопје, но ниту вчера ниту денеска ја немаше дома. Соседите се чудеа дека нивната комшика Лиле е бабата со идеја вредна 720 илјади евра затоа што на некои со години им должела по ситни 100 или 500-тини денари.

Но на договорот меѓу Меѓународниот сојуз Скопје и ГП Пелистер, потписот на комшиката Лиле стои на 4-то место, како претставник на невладината, со улога автор и координатор на проект. На договорт се потпишани Боки 13, Агапи Дика, Јованка Кухар и пензионерката Тодоровска. Тие во име на меѓународниот сојуз склучуваат договор со ГП Пелистер во чие име потпишува сопственикот Силјан Мицевски. Договорот е потпишан на 13-ти декември 2017, објави Телевизија Телма.

Лилјана Тодоровска вознемирена од пишувањата во медиумите за Телма вели дека парите и се земени уште во банка од меѓународниот сојуз на Боки 13 кои ја туркале во инвалидска количка која ја употребувала затоа што преживеала сообраќајна несреќа.

-Ограбена сум. Мене парите веднаш ми се земени од луѓето кои беа со мене во банка. Веднаш потоа ми беа земени парите, рече Лилјана Тодоровска во телефонски разговор.

Текстот во целост на: Телма.мк

На почеток