Актуелно

Во Загреб убиени шест членови на семејство, убиецот се самоубил

Синоќа во Загреб се случи шесткратно убиство. Сите шест тела се најдени во една куќа после пријава на соседите кои слушнале пукотници. Неколку часа подоцна, полицијата го пронашла убиецот, кој според првичните информации извршил самоубиство.

Убиени се неговата поранешна сопруга, едно десетгодишно дете, двајца мажи и две жени. Масакрот го преживеа само седуммесечното бебе, кое било во своето креветче во една од собите и е неповредено.

На местото на масакрот се уште се врши увид, јавија загрепските медиуми.

Според „Вечерњи лист“, станува збор за семејно насилство, пришто меѓу загинатите се поранешната сопруга на убиецот и нејзиниот нов партнер.

(Фото: Јутарњи вијести)

На почеток