Свет

Силен земјотрес на Суматра, издадено предупредување од цунами

Индонезиската Агенција за геофизика издаде предупредување за појава на цунами. Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на индонезискиот остров Суматра.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 59 километри, а засега нема информации за повердени лица и за материјална штета.

На почеток