Втори август е денот кога САД официјално се повлекуваат од Договорот за ограничување на нуклеарните ракети со среден дострел кој беше потпишан во 1987 година и на САД и Русија им наложуваше комплетно да го елиминираат својот арсенал на ракети со дострел од 500 до 5500 километри.
Со договорот за прв пат двете суперсили прифатија да елиминираат цела категорија на нуклеарно оружје и да дозволуваат опширни инспекции на своите постројки за да обезбедат дека двете страни ги почитуваат одредбите од договорот.
Руските власти соопштија дека овој договор е завршен, обвинувајќи ги САД дека се одговорни за тоа, но предложија и понатаму да не се користат ракетите со забранетиот дострел.
Раскинувањето на договорот значи дека САД и Русија ќе може легално да ги развиваат и разместуваат споменатите проектили, што особено ги обеспокојува западните европски земји американски сојузници.
„Им предложивме на САД и на друиготе земји од НАТО да ја разгледаат можноста за прогласувње ист вид мораториум на распоредувањето на проектили со кус и среден дострел како и нашиот, како и оној кој го прогласи претседателот Владимир Путин“, рече заменикот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кого го цитира агенцијата ТАСС.
