Македонија

Облачно време, не очекува денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во северните и источните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. УВ зрачењето ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 25 степени, а дневната температура ќе се движи од 25 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, а дневната температура ќе достигне до 33 степени.

Од понеделник следува период на сончево време со повторен пораст на температурата.

На почеток