Македонија

Осудените за 27 април кои се во затворите се под политички прогон, вели Мицковски

Правдата е замолчена а криминалниот октопод царува .Ова специјално јавно обвинителство веќе не е алтака за носење на правда туку алатка во рацете на Зоран Заев и власта за правење неправди неможе да се очекува правда од нешто штo не само ја навредува нашата интелегенција туку служи и за постмев изјави денеска во струшкото село Ташмаруништа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Илинден е и наша должност кон нашите предци и паметник за тоа како ја добивме слободата која мора постојано да ја браниме .Гоце Делчев е македонска светост за која ќе се бориме секогаш а ние сме македонци од Македонија порача Мицкоски.

Во својот говор Мицкоски ги спомена и Јане Ченто и сите други притворени за 27 април кои како што рече неправедно седат во затворите и се под политички прогон.

Тој во говорот повика и на подршка за победа на следните предвремени избори за да не му се даде шанса на Заев да продолжи со уништувањето на Макеодонија.

Мицкоски претходно во Ташмаруништа каде се одржа 70-та Културна манифестација, положи свежо цвеќе на спомен обележјето на двата Илиндена, а притоа ја посети и црквата Св. Архангел Михаил.

На почеток